(ФОТО) Пожар и на планинскиот превој Плетвар

Хроника 04.08.2021. 15:49

Веќе неколку дена активни се пожари на повеќе локации во земјава. Гори во близина на Очната болница во скопската општина Ѓорче Петров, во близина на Делчево, а од денеска и во пехчевско.

Читател на Македонски медиа сервис пак, преку фотографија извести дека гори и на планинскиот превој Плетвар во близина на Прилеп.

Од локалната територијална противпожарна едицина не одговорија на нашите повици со цел поконкретни информации околу оваа нова огнена стихија и евентуалното нејзиното гаснење. Чадот од пожарот се забележува од магистралниот пат во близина.


Останати вести од Хроника

Подкаст

Подкаст