Магацински простории на поранешниот објект на „Дисконт Тинекс“, лоцирани на булеварот „Борис Трајковски“, беа зафатени од пожар во вечерните часови. Огнот избувнал во придружните простории кои во минатото се користеле како магацини за утовар на стока.

На терен веднаш интервенираа екипи на скопската противпожарна бригада и полициски службеници. Пожарот експресно беше локализиран од страна на седум пожарникари кои на местото на настанот пристигнаа со две противпожарни возила.

Противпожарните екипи во моментот активно работат на целосно догаснување на огнот. Овој деловен објект е целосно затворен повеќе од една година, уште пред реализацијата на продажбата на компанијата.