Пратеникот од владејачката СДСМ, Мартин Костовски е разочаран од конфликтите во партијата и бара единство.

„Социјалдемократи другари и другарки или ќе се држиме сите заедн еден до дру, или ќе потонеме сите еден покрај друг… Време е за помирување и обединување“, напиша Костовски на својот фејсбук профил.

Објавата на Костовски, познат како долгогодишен приврзаник на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски со кого заедно соработуваат во огранокот на СДСМ во Куманово, сведочи за сѐ поголемите несогласувања во владејачката партија, особено по прашањето на уставните измени.