Припадник на САЕ „Тигар“ најдобар во велеслалом на меѓународен полициски натпревар

Припадник на Специјалната антитерористичка единица „Тигар“ при Министерството за внатрешни работи вчера го освои првото место во дисциплината велеслалом на меѓународниот полициски натпревар во скијање на Сљеме, Република Хрватска.

На натпреварот учествуваа полициски службеници од повеќе држави и меѓународни институции, меѓу кои Словенија, Чешка, Унгарија, Црна Гора, Хрватска и ФРОНТЕКС, што придонесе за исклучително силна конкуренција и висок натпреварувачки квалитет.

-Остварениот резултат претставува потврда за високото ниво на подготвеност, професионалност и посветеност на припадниците на Министерството за внатрешни работи, како и достојна афирмација на државата на меѓународен план. Министерството за внатрешни работи упатува честитки до припадникот на САЕ „Тигар“ за постигнатиот успех, изразувајќи уверување дека и во иднина ќе продолжи со вакви врвни резултати и ќе биде пример за професионалност и спортски дух, соопшти МВР.