Компанијата му го покажа дијамантот пронајден на 1 јуни на претседателот Мокветси Масиси, пишува Гардијан.

-Ние веруваме дека ова е трет по големина дијамант на светот. Тој е редок и извонреден камен. Внесува надеж на нацијата што минува низ тешки времиња, рече Линет Амстронг, директор на Дебсван.

Најголемиот дијамант на светот, 3106 каратниот Кулинан, е пронајден во Јужна Африка во 1905 година. Втор по големина е 1109-каратната Леседи Ла Рона, откриен во североисточна Боцвана во 2015 година.