Албанскиот премиер Еди Рама на Твитер објави селфи со македонскиот премиер Димитар Ковачевски и порача од Брисел дека повеќе не го чекаат Годо бидејќи се навикнати на ова и двете земји.

-Сè уште го чекате Годо? Не, ние сме навикнати на оваа шарада и повеќе од кога било посветени сме да ја поттикнеме модернизацијата на нашите земји и нашиот регион со непоколеблив европски дух, пишува Рама.

Претходно, денеска на пред почетокот на самитот Рама изјави дека е срамно што една земја членка на НАТО – Бугарија, киднапира две други земји членки на НАТО – Албанија и Северна Македонија во време на жестока војна во дворот на Европа. Тој истакна дека Албанија не се чувствува како жртва на овој процес, бидејќи како што нагласи, секогаш ќе има по некоја Бугарија „овде или онде“ што може да блокира.