Имено, пратеничката на СДСМ Лидија Тасевска на прес-конференција соопшти дека Силјановска Давкова на самитот во рамките на ЕПП гордо стои до Андреј Ковачев, а реалноста е драстично поинаква. Оваа фотографија е направена во Брисел во 2019 година, а истата е по барање на Ковачев.
ВМРО-ДПМНЕ има јасен став во однос на бугарското прашање, а тоа нема договор доколку се погазат црвените линии односно јазикот, индентитетот и историјата.
Еве и скриншот кога навистина е објавена фотографијата.
Додека СДСМ се наоѓа во очајно издание, знаејќи дека ќе ги изгуби изборите шири лаги и манипулира со македонската јавност.
Патем, оттогаш досега Андреј Ковачев има пресадено коса. Повеќе може да погледнете од фотографијата во продолжение:
СДСМ со провидни лаги се служи за да ја манипулира македонската јавност. Инаку, во моментов висока партиска делегација на ВМРО-ДПМНЕ предводена од Христијан Мицкоски е дел од настанот на ЕПП во Букурешт, а на истиот дел е и претседателскиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, професорката Гордана Силјановска Давкова.