Во продолжение пренесуваме РЕАКЦИЈА на соопштението на СУТКОЗ, во врска со невистинското произнесување на случувањата во ЈП Водовод и канализација, каде биле спречувани членовите на УО од страна на вработените-обезбедувањето за извршување на својата службена должност.
Почитуван претседател на СУТКОЗ господин Стојан Кашиковски и до пред неколку месеци бевте раководител на обезбедување и на ПП заштита при ЈП “Водовод и канализација”.
Ве ПОТСЕТУВАМ и го поткрепувам со докази и факти дека апсолутно вашето соопштение е неиздржливо и законски неосновано,бидејќи од истата гарнитура од Градот Скопје -наредбодавател беше Данела Арсовска, а извршител ВД Маријанчо Митовски. Многу вработени во 10-11 месец во 2022 година беа казнети,дисциплински гонети,а на ВАС -Стојанче Кашиковски ви е дадена ОДЛУКА за ОТКАЗ(прекин на работен однос).
Што значи дека ОРГАНОТ кој ги поништува одлуките и наредбите на менаџерскиот тим е НАЈВИСОКИОТ ОРГАН-УПРАВНИОТ ОДБОР.
Врз основа на оваа за твое ПОТСЕТУВАЊЕ , мислам дека ЗАБОРАВИ , БЛАГОДАРЕНИЕ токму на овој состав на УПРАВЕН ОРГАН ,продолжи да биде вработен во ЈП Водовод и канализација.
Од тука произлегува Правната силадека наредбите на менаџментот кои ги дава на обезбедувањето се неосновани,бидејќи Управниот Одбор е Највисокиот орган на управување.
Во прилог ви ги доставувам сите ваши барања како доказ на сето горенаведено.
Инсистирањето на тогашниот В.д Маријанчо Митовски за да го потврди УО донесеното неговата одлука за вашиот ОТКАЗ.
Прочитај те си го записникот во која страна биле тогаш УО и бидете сигурни дека и денеска се за вработени и во страна на законот а не на ДОOЕЛ – фирма.