Премиерот Христијан Мицкоски денеска присуствуваше на пуштањето во употреба на детската градинка „Лавче“ во населеното место Инџиково, Општина Гази Баба.

По повод отворањето на новиот објект, Мицкоски истакна дека ваквите проекти носат повеќе радост и среќа, пред сè за најмладите, нагласувајќи дека станува збор за посебни моменти кои предизвикуваат силни емоции.

„Уште еден ден, уште еден завршен проект, уште еден навистина прекрасен проект – детска градинка. Кога се пушта во употреба ваков проект, тоа значи дека има повеќе среќа, повеќе радост, повеќе убави моменти, пред сè за најмилите, за дечињата, и нема како човек да ја скрие емоцијата, бидејќи ова се навистина за мене прекрасни моменти“, изјави премиерот Мицкоски.

Тој најави дека Владата ќе продолжи со реализација на проекти и во наредниот период, посочувајќи дека се очекува завршување и ставање во функција на повеќе објекти и инфраструктурни зафати.

„Продолжуваме во оваа насока и во иднина и продолжуваме да испорачуваме проекти. Има уште многу проекти во периодот којшто следи, коишто ќе финишираат, ќе бидат завршени, ќе бидат пуштени во употреба, така што, еве, ве повикувам вас, медиумите, да го проследиме сето она што значи како Македонија се гради“, порача Мицкоски.

влада
влада
влада
влада
влада
влада
влада