Во Брисел испративме два закони – Кривичниот и Законот за казнена постапка. Тоа се закони кои што во времето на Владата на СДСМ и ДУИ добија поинаква форма и суштина, посочи денес премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање.
-Тогаш тие злоупотребувајќи го европското знаме, по скратена постапка во Парламентот ги изгласаа овие закони. Имаа двојна цел. Првично да се себеамнестираат од сторените криминали, за кои што постојат основани сомненија, додека тие беа Влада и второ, мислеа дека на тој начин на некои поранешни структури од ВМРО-ДПМНЕ ќе им овозможат политичка амнестија, за да потоа тие им помогнат во намерата да се случат уставните измени како резултат на Францускиот предлог. Тоа беше намерата тогашна на тие измени во КЗ и ЗКП. Со ова што ние го правиме, тоа не значи дека оние основани сомненија што постојат за сторен криминал од претходната Влада, ќе бидат гонети. Бидејќи тие секогаш имаат можност да се повикаат на, за нив, поповолното право, во случајот е оној закон кој си го скроија за да се амнестираат, рече Мицкоски.
Премиерот објасни дека измените кои сега се носат се за од сега па натаму.
-Секогаш кога ќе слушнете од ДУИ и од СДСМ да ви зборуваат за борба против криминал и владеење на право, тогаш треба да се сетите дека токму тие се тие кои го нанесоа фаталниот удар на владеењето на правото и борбата против криминалот и корупцијата. Секогаш кога ние зборуваме за владеењето на правото и борбата против криминалот и корупцијата, сетете се дека оваа Влада во Брисел ги испрати овие два закони кои важат за оваа, а не за претходната Влада, рече Мицкоски.
Сега се чека мислење од Брисел, по што ќе биде отворена внатрешна дебата.