Кери Џонсон истакна дека ја разбира загриженоста кај луѓето, но и дека доказите се „охрабрувачки“, пренесува Би-би-си. Додавајќи дека не постои зголемен ризик за превремено раѓање по вакцинирањето, таа рече дека и самата порано била загрижена околу тоа.

Сопругата на британскиот премиер минатиот месец објави дека е бремена и откри дека претходно имала спонтан абортус.

Кога почна процесот на вакцинација, првичниот совет од лекарите беше бремените жени да ја избегнуваат вакцината бидејќи не беа познати последиците или евентуалните компликации што може да се појават.

Но, кога беа собрани повеќе податоци , ставот се смени и здравствените работници сега ги охрабруваат трудниците да ја примат вакцината истакнувајќи дека инфекцијата со коронавирусот може да биде многу поопасна за идните мајки.

Според препораките, најпогодни за бремените жени се вакцините Фајзер и Модерна со кои во САД и во В.Британија досега се вакцинирани над 200.000 бремени жени.