На социјалните мрежи се појави видео снимка од верижен судир вечерва кај Мавровка во центарот на Скопје.

Имено на Инстаграм профилот „Роберто Навали“ осамна видео од верижен судир на кој се гледа како седум автомобили го закочуваат булеварот бидејќи се удрени меѓусебно.

Прво во судирот учествувале четири возила, а половина метар зад нив уште три возила се удриле.

Засега нема подетални информации и дали има полиција на лице место.