Двајца полицајци физички се пресметувале во прилепското село Кривогаштани рано утрото за Велигден, потврди денеска полицијата.

На социјалните мрежи се појави снимка од инцидентот, на која се гледа како двајцата полицајци се тепаат и се пцујат, додека од страна се слуша врескање. На видеото се гледа и трет полицаец, кој веројатно се обидува да ги раздвои затепаните колеги.