Скопје тоне
Скопје тоне. Градот е полош од ден во ден. Додека јавните претпријатија во Скопје се распаѓаат, а најкритично е во јавното сообраќајно претпријатие чии автобуси немаат нафта градоначалничката Арсовска нема проблем со истото.
Арсовска го посети Бразил
Викендов градоначалничката Данела Арсовска била на семинар, ни помалку, ни повеќе во Бразил каде престојувала во периодот меѓу 14 и 17 ноември. Меѓу многуте прашања кои се отвораат по оваа посета, најпрво е прашањето: Каде е транспарентноста? Ниту на страницата на Град Скопје, ниту на нејзиниот профил нема никаква објава за посетата на Бразил.
За ваквата посета јавно достапни фотографии може да се најдат на страницата на Конгресот на Советот на Европа кои ја потврдуваат веродостојноста на веста. Оттаму пишуваат дека таа била еден од говорниците на семинар за климатските промени и човековите права.
Арсовска го игнорира проблемот со ЈСП Скопје
Ова не е првпат градоначалничката Арсовска да оди на меѓународни настани, додека во меѓувреме заборава на проблем на граѓаните кои ја гласаа. Повеќе решава да зборува на теми кои не се директно поврзани со вистинските проблеми на скопјани. За споредба, утрово граѓните на минисни температури ги чекаа автобусите на ЈСП Скопје кои останаа во гаражите бидејќи немаше нафта да стигнат на својата рута.
Хаос со градскиот превоз во Скопје, нема нафта за автобусите на ЈСП – граѓаните гневни
Немањето автобуси предизвика стотици проблеми: Средношколците не успеаа да стигнат на учичиште, луѓето од многу населби не стигнаа на работа, хаос се предизвика со автомобилите. Некои со часови чекале јавен превоз.