Поранешната заменик претседателка на СДСМ и министерка за одбрана, Радмила Шекеринска не може  да издржи долго надвор од политиката.

По неколкумесечната пауза од политичкиот живот таа се враќа со нов, европски предизвик.

-Ми претставува огромна чест да ве информирам дека на Когресот во Берлин ме избраа за потпретседател на Партијата на европски социјалисти (ПЕС).Честа е дотолку поголема што ова е прв пат ПЕС да избере на таа позиција личност која доаѓа од земја која не е членка на Европската унија.Благодарност до новиот претседател Стефан Лвен, кој го даде предлогот и до сите мои колеги кои го поддржаа, објави Шекеринска на нејзиниот Фејсбук профил.

Дали ова ќе предизвика главоболки за премиерот Ковачевски? Ако се знае дека Шекеринска не е баш наклонета кон неговите политики.