Раде Трајковски – Штекли кој веројатно е најозогласениот лик од македонското подземје повторно е во центарот на вниманието. Тој во текот на вчерашниот ден на својот Инстаграм профил објави дека вработува четири лица кои би биле негово професионално обезбедувања. Плата која ја нуди е јавно позната и истата изнесува 3000 евра. Тој додава дека етничката припадноста и полот не му се важни. Сите заинтересирани вели да го исконтактираат во порака.
По трите обиди за убиства Трајковски за првпат излегува со ваква „понуда“. Досега неуспешни обиди за убиство два пати имаше во трговски Ист Гејт Мол, а еднаш беше фрлена и бомба во неговиот дом во скопска Ќерамидница.
Во продолжение може да го погледнете огласот за работа од Штекли:
За третиот обид за убиство на Раде Трајковски – Штекли излезе снимка која наводно ја покажува активираната бомба во неговиот дом. На краткото видео која ја објави медиумот се гледа датумот и часот од видеото, но и црн чад кој ја покажува експлозијата.
(ВИДЕО) Се појави снимка од експлозијата на бомба од домот на Раде Трајковски – Штекли
Останува да видиме која ќе биде разврската во скопското подземје. Најави од новата власт и министерот Тошковски има дека жестоко ќе биде возвратено.