Утрово на 54-годишна возраст почина Игор Југ, еден од осудените за случајот „27 април“. Тој издржуваше 12-годишна затворска казна и практично не дочека да ја проживее својата слобода. Според првичните информации, Југ најверојатно починал од масивен срцев удар.
ДУИ и Алијанса се ситат на смртта на Игор Југ
Ваквата прерана смрт беше тема за потсмев и ситење од страна на партиските членови на ДУИ и Алијанса за Албанците. Фејсбук страницата „Фронт за Албанците“ која е под партиска палка на овие две партии се сити на смртта на Игор Југ. Во нивната објава утрово може да се забележи како се радуваат на смртта на Југ.
Кога странец ќе ти се одмазди… Оние кои сакаа да го умре Зијадин денеска еден по еден ги праќаат во затвор! Не копајте дупка за некој друг, или сами ќе паднете во неа! Зијадин Села, уживај во духовно задоволство!, стои во нивната објава на албански јазик.
Омраза кон Македонците
Од останатите објави на страницата може да се забележи дека редовно пласираат омраза кон Македеонците. Пример за тоа се објавите против актуелни функционери и премиерот Мицкоски. Детално сите нивни објави може да ги видите ТУКА.
Инаку утрово се отворија многу сомнежи околу смртта на Југ.
(ФОТО) Последните пораки отвораат дилеми: Игор Југ ја предвидел сопствената смрт!?
Неговата улога во настаните од 27 април и неговите тврдења за неправедно судење ќе останат