Според индексот на квалитетот на воздухот, Скопје вечерва околу 23 часот се искачи на седмото место на неславната листа на големи и главни градови во светот. Меѓу првите 10 градови со најзагаден воздух во ова време, само Скопје е од Европа, останатите девет градови се од Азија и се мегалополиси и индустриски центри.
Изминатите денови Скопје „дишеше“ релативно добар воздух поради ветерот, но има периоди, особено како вечерва, кога нема ветер, а со „полна пареа“ работат домашните нееколошки средства за затоплување, сообраќајот и индустријата.
Според индексот на квалитетот на воздухот се гледа дека станува збор за висока концентрација на штетните и канцерогени ПМ честички.