Жителите на Маврово утрово се разбудија со снежна покривка откако синоќа започна да вее снег и не престана во текот на ноќта.

Снежна покривка има и на Попова Шапка како и во Пониква, откриваат камерите во живо на веб-страницата „skimacedonia.mk“.

Пониква осамна со снежна покривка

Снежна покривка од неколку сантиметри најавува снежен викенд на Пониква кај Кочани. Ова не е првиот снег во новата зимска сезона. На 14 октомври падна првиот снег, кој не траеше многу.

Фото: Осоговски конак