Српските медиуми пренесуваат дека автомобил најверојатно поради лизгавиот пат слетал од коловозот и завршил во фасада на една куќа.

За среќа во сообраќајката нема потешко повредени лица, возачот на автомобилот минал со лесни повреди.

Несреќата се случила на делницата од патот која го спојува Смедеревскиот пат со автопатот Белград – Ниш.