Скопските пожарникари рано утринава добиле повик за асистенција на Брзата помош поради планинарка на која и била потребна помош.
Како што дознаваме на жената и се слошило на една од планинарските патеки, но поради непроодност на теренот медицинските екипи не можеле да дојдат до неа, па помош била побарана од противпожарната бригада.
Пожарникарите ја лоцирале жената, по што безбедно ја пренеле до местото каде и била пружена лекарска помош.
-Утринава добивме повик за асистенција од Брзата помош. Во близина на средно Водно беше потребно да се извлече жена и пренесе до локација каде можеше да и биде пружена помош, по што беше преземена од екипата на Брза помош, вели за Курир, Ѕвонко Томевски командир на скопската противпожарна бригада.