Полициски службеници од ОВР Прилеп вчера и денеска извршија претреси на две локации во Прилеп, при што лишени од слобода се две лица, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Имено, вчера (20 април) во 7 часот полициски службеници од ОВР Прилеп го лишиле од слобода А.Ф.(39) од Прилеп, бидејќи при претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана и дробилка со остатоци од марихуана. Денеска во 07:15 часот од полициски службеници од Одделението за недозволена трговија при ОВР Прилеп лишен е од слобода А.Ш.(32) од Прилеп, затоа што при претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени кафеава прашкаста материја, бела грутчеста материја и неколку таблетки, информираат од МВР.

Посочуваат дека лицата биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.