Градоначалникот Рамиз Мерко и Општина Струга го привлекоа вниманието на јавноста со соопштението каде се забранува шетање во бикини и голотија на јавни места низ градот.

Се известува јавноста дека е донесена забрана за шетање во бикини или во гаќи за капење во централното подрачје, и туристите да не ја изнесувале својата голотија на јавни места, за да се зачувала позитивната слика за Струга.

-Заради почитување на јавниот ред, особено во летната туристичка сезона, низ централното шеталиште (од чаршискиот мост до зелениот пазар) во текот на денот е забрането шетање во бикини и гаќички за плажа.

Ги замолуваме сите гости и туристи кои се разладуваат на езерото или на Црн Дрим да ги почитуваат правилата за добро однесување и јавен ред со тоа што не изложуваат голотија на јавни места и простори.

Вашето однесување е слика за градот, затоа заедно треба да се обидеме да ја зачуваме позитивната слика за една туристичка дестинација како што е Струга- известуваат од општината.

За да биде сфатена забраната сериозно, дури и низ градот се поставени знаци со забрана за бикини и гаќи за капење.