Вечерва се случи тешка сообраќајна несреќа на крстосницата пред зградата на Владата.
Три возила учествувале во тешката сообраќајна несреќа на крстосницата меѓу булеварите Илиндендска и Климент Охридски.
Според очевидците , едно од возилата било службено , а имало и повредени .. На самото место има возила на Итна медицинска помош .
Увидот е во тек , а од МВР се очекуваат повеќе информации во текот на вечерва.