Денеска (07.02.2022) во периодот од 08.00 до 12 часот полициски службеници на СВР Битола спровеле акциска контрола за санкционирање на возачите кои не ги почитуваат обврските кон пешаците. При контролата, откриени и санкционирани се 18 возачи кои не им дале првенство, односно предност на пешаците. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци и ќе се соочат со законски предвидените глоби.

Министерството за внатрешни работи продолжува со засилените акциски контроли во сообраќајот и во наредниот период. Апелираат до возачите секогаш да им даваат првенство на пешаците, а пешаците исто така да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.