Центар на општината е градот распослан на двата брега од Пехчевската река, под падините на планината Влаина. Името на овој град е Пехчево, кое се наоѓа на надморска височина од околу 1000 метри, опколено и заштитено од густите и големи борови шуми, студени потоци, водопади и најчистиот планински воздух.

Градот има долга и богата историја, со археолошки докази и артефакти кои говорат дека на тоа место постоела римска населба. Во населбата стара илјадници години, се топела железна руда експлоатирана од Буковик. Печките од рудникот, се најверојатно извор за топонимот кој денеска го знаеме како Пехчево.

Во околината на Пехчево има голем број на локалитети кои вредат да се посетат, а најпозната и атрактивна од нив е населбата Равна река и Пехчевските водопади во нејзина близина.

Од водопадите, оние кои треба да се посетат се Спиковски, Скокото, Љутачки и Црнодолски.