Двајца руски војници, Александар Бобикин и Александар Иванов, признаа вината за „прекршување на правилата на војната“ и утрово се појавија на суд. Тие се обвинети за гранатирање на цивилните области на Украина со ракети ГРАД.

Претходно, Вадим Шишимарин, 21-годишен руски војник, вчера призна вина за убиството на невооружен цивил на првото судење за воени злосторства во Украина од почетокот на руската инвазија. Тој призна дека пукал во 62-годишен маж неколку дена по почетокот на инвазијата. Му се заканува доживотен затвор.