Како што им раскажал менаџерот на компанијата, во автобусот се превезувале руски граѓани кои правеле тура во земјите од регионот – Србија, Црна Гора, Албанија и Македонија.

По пристигнувањето во Скопје, автобусот бил паркиран во центарот на градот, а туристите и возачот отишле да преспијат. Инцидентот се случил утрово во 7 часот, ги вознемирил туристите и го загрозил продолжувањето на патувањето, додал тој.

Засега непознати сторители го оштетиле возилото и со цигли ги искршиле стаклата. Потоа провалиле во автобусот и ги украле личните работи на патниците и возачите кои биле оставени во возилото.

Веднаш по пријавата, полицијата и екипа за форензика излегоа на терен и спроведоа истрага.

На скршениот прозорец биле пронајдени и траги од крв.

Сè уште не е утврдена причината за ваквиот вандалски чин, иако полицијата во Македонија работи на расветлување на овој случај. Поради оштетувањето на автобусот, неизвесно е дали туристите воопшто ќе го продолжат веќе планираното патување, пишува порталот.