Спортед извештаите, екипите на итната помош, полицијата и пожарникарите чекале експлозиите и пожарот да стивнат за да може да влезат во магацинот.

Во експлозиите нема повредени, ниту жртви, а безбедно се евакуирани работниците од третата смена во фабриката „Слобода“.

Една работничка сведочи дека во моментот на експлозија била во фабриката.

-Со уште седум колеги работевме во погонот на режење кога се случи експлозијата. Успеавме да се извлечеме и да дојдеме до една зграда и да влеземе во подрумот од бетон. Таа зграда нема прозорци и буквално е вкопана во земја – сведочи таа за српските медиуми.

Мештаните сведочат дека морале да побегнат од дома, а од експлозијата испукани се стакла на околните куќи.

Еден час по првата експлозија се уште се слушале детонации, а летале шрапнели на сите страни.

Утрово се слушаат изолирани детонации, а според правилата за безбедност, спасувачките екипи смеат да влезат во зградата 24 часа по последната детонација. Не се знае причината за експлозиите и пожарот.

Најдраматично било во населбата Језин во близина на фабриката.

Вознемираните и исплашени граѓани ги напуштале своите домови и бегале што подалеку од фабриката.

-Од околу 60 работници од смената во 1,30 часот останале само 4 работници, еден час подоцна и тие работници биле сместени на безбедно. Од 2-30 часот ниту едно лице не било во фаброката, пренесе градоначалникот Тодоровиќ.