Армискиот тим од Македонија, кој се наоѓа во градот Кахраманмараш, непрекинато е ангажиран во активностите за пребарување на теренот.

Војниците работат на пронаоѓање и извлекување на евентуално преживеаните, кои се наоѓаат во рушевините настанати од катастрофалните земјотреси.

-Даваме максимум со надеж дека ќе успееме да спасиме и извлечеме живи луѓе. Остануваме тука се додека е потребно и продолжуваме професионално да ги извршуваме задачите со цел и надеж дека ќе спасиме што повеќе луѓе и да ја покажеме нашата солидарност со Република Туркије, велат македонските војници.

Во меѓувреме, дополнителниот армиски состав од 36 припадници од баталјонот за специјални сили обучени за спасување и пребарување во урнатини, денеска во претпладневните часови од касарната „Илинден“ во Скопје замина во Република Туркије.