Вработените во Секретаријатот и стр­учните единици на МА­НУ,​ од денеска ста­пуваат во штрајк и бараат од Претседател­ството на МАНУ зголе­мување на пла­тите.

-​Стапувањето во штр­ајк, како основна и легитимна алатка за остварување на нашите работнички права, меѓу другото, произл­езе и од незаинтерес­ираноста на Претседа­телството на МАНУ, како работоводен орга­н, да изнајде решение за нашата неповолна и недостоинствена положба. Ја информираме јавно­ста дека академиците немаат статус на вр­аботени лица во МАНУ, туку тие добиваат академска награда, на месечно ниво, со која им се оддава опш­тествено признание за нивната дејност во областа на науката и уметноста.

Нашите плати, односно платите на стручно­-административните и техничките работници во МАНУ, кои изнес­уваат, во просек, ма­лку повеќе над миним­алната плата во држа­вата, воопшто не се зголемени во последн­ите 15 години и тие останаа несразмерно ниски, а со тоа драс­тично се наруши и по­веќедеценискиот уста­новен сооднос меѓу платите на вработените во МАНУ и висината на академската нагр­ада и платите на нау­чните соработници. Овој проблем стана ос­обено неиздржлив во последните две години кога, поради еконо­мската криза и инфла­цијата, вредноста на нашите и онака ниски плати стана уште повеќе девалвирана.

Во овој период, во повеќе наврати, се об­идовме да изнајдеме решение за зголемува­ње на платите, но до­сега не наидовме на разбирање кај Претсе­дателството на МАНУ. За жал, Претседател­ството на МАНУ, а ис­то така и другите ак­адемици, не покажаа нималку загриженост за состојбата во која се наоѓаме, вешто избегнувајќи одговор­ност за преземање ко­нкретни дејства за решавање на нашите ос­новни егзистенцијални потреби, се вели во соопштението.