Кога станува збор за конзервативни политики во Европа тогаш секогаш на пиедесталот Виктор Орбан. Неговите цврти ставови пред се за имиграцијата го седнаа на иста маса со фаворитот за претседател во САД, Доналд Трамп.

Во Флорида, Орбан се сретна со Трамп во неговата вила во Мар а Лаго. Унгарскиот премиер на објави снимка од пречекот што му го приреди Трамп. Веќе на почетокот унгарскиот лидер на поранешната прва дама Меланија ѝ подари букет.

Од средбата се забележува како Трамп го фали Орбан и го нарекува „шеф“.

Орбан: Почнува борба за повторно освојување на институциите и „бранење од либералите“

Орбан рече дека следните претседателски избори во САД оваа година и гласањето за Европскиот парламент во јуни ќе бидат клучни бидејќи конзервативците во Европа и САД. Како што кажа Орбан, тие зааедно мора да се борат заедно за „повторно освојување“ на институциите во Вашингтон и Брисел од либералите кои, како што рече, ја загрозуваат западната цивилизација.

Петер Сијарто го поздрави Доналд Трамп

Вчера, унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто, кој го придружуваше Орбан, ја поздрави „силата“ на Трамп и навести дека светот би бил помирен доколку тој сè уште беше претседател.

„Доколку Доналд Трамп беше избран за претседател на Соединетите држави во 2020 година, војната во Украина, која сега е трета година, немаше да избие и конфликтот на Блискиот Исток ќе беше решен многу побрзо“, напиша тој.

Орбан е премиер на Унгарија од 2010 година, а со самото тоа што веќе 14 години е на чело на државата е јасно дека Унгарците се задоволни од конзервативната политика која ја води со неговата партија Фидес.

Доналд Трамп и Виктор Орбан се сретнаа во Флорида – Орбан беше со својот тим и министерот за надворешни работи, Петар Сијарто

Орбан категоричен со поддршка за Трамп, Бајден не го покани на самитот за демократија

Орбан ги поддржува напорите за реизбор на Трамп и е во ладни односи со администрацијата на Џо Бајден, која не ја покани Унгарија на самитот за демократија организиран по инаугурацијата на претседателот. Унгарските власти го обвинија амбасадорот на Бајден во Унгарија, поранешниот активист за човекови права Дејвид Пресман, за мешање во внатрешните работи на владата.

Поддршка за претседателската кампања на Трамп – шанса за крај на конфликтот во Украина

Орбан, исто така, со ентузијазам ја поддржа најновата претседателска кампања на Трамп, објавувајќи порака во која го охрабрува републиканецот да „продолжи да се бори“ по првата од четирите кривични пријави против него минатата година. Минатата недела Орбан рече дека победата на поранешниот претседател ќе биде „единствената сериозна шанса“ за ставање крај на војната во Украина.

„Доналд Трамп и Виктор Орбан разговараа за широк спектар прашања во врска со Унгарија и Соединетите држави, вклучително и зајакнувањето и безбедноста на границите, што овозможува заштита на суверенитетот на секоја земја“, соопшти прес-службата на Трамп за средбата што се одржа меѓу него и Унгарскиот лидер.

Градење на пријателски однос меѓу американските и унгарските конзервативци

„Посетата го истакна градењето на односите меѓу американските и унгарските конзервативци и придобивките што би можеле да се остварат ако Трамп биде реизбран за претседател во ноември“, рече во изјавата Гладен Папин, помошник на Орбан.

Бајден упати критики

Во исто време, Бајден го критикуваше Трамп што го угости унгарскиот премиер во неговата вила на Флорида.

„Знаете со кого се среќава денеска во Мар-а-Лаго? Со Орбан од Унгарија, кој категорично изјави дека мисли дека демократијата не функционира, тој цели кон диктатура. Тоа е со кого се среќава“, рече Бајден.