Настанот организиран од министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство за изградбата на браната „Конско“ ги привлече очите на пошироката јавност. Но, главната причина не беше завршувањето на граджените активности туку посетата на поранешниот премиер и лидер на СДСМ, Зоран Заев кој присуствуваше на истиот настан со своите сопартијци.

На настанот централна фигура освен Зоран Заев беше и актуелниот претседател на државата кој повторно го најави СДСМ за позиција на „Вила Водно“, Стево Пендаровски.

Заев доби јавно благодарност, но не од Пендаровски

На настанот се обратија претседателот на државата Стево Пендаровски, министерот за земјоделство Љупчо Николовски и извршниот директор на фирмата изведувач на проектот Хасан Адали. Зоран Заев доби благодарност, но таа не беше од Пендаровски, туку од Николовски. Министерот за земјоделство рече дека токму поранешниот премиер Зоран Заев придонел многу за браната „Конско“.

Цело СДСМ на едно место

На настанот присуствуваше целото СДСМ. За браната „Конско“ се собраа претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски, претседателот Стево Пендаровски, поранешниот лидер Зоран Заев, министерот за земјоделство Љупчо Николовски и поранешниот министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски кој моментално нема никаква функција.

Увид на браната и промоција

По обраќањата, Пендаровски, Николовски и Адали извршија увид на браната, придружните објекти и акумулацијата на реката Конско.

Најголем проект во последниве 50 години, смета Николовски

На настанот беше обелоденето дека изградбата на браната „Конско“ и официјално е завршена. Беше промовирано модерно наводнување на најмалку 6.500 хектари во текот на целата година, зголемување на обработливите површини за пет пати, помали трошоци и поконкуреннто производство. Николовски проектот го окарактеризира како најголем во државава во последниве 50 години.

ВМРО-ДПМНЕ е фаворит на сите анкети, дали е тоа причината за собирот?

Останува да видиме дали СДСМ ќе биде разединето или пак можеби ќе се обединат пред избори. Според сите изборни анкети ВМРО-ДПМНЕ е во двојна предност пред СДСМ, а најверојатно оваа партија на изборите ќе доживее тежок дебакл како одраз на штетните проекти кои ги нанесоа на државата, превенствено погазувајќи ги националните интереси.

Извор: Скопје1