Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски говореше за што се залага ВМРО-ДПМНЕ и што би презеле тие во најважната сфера за развој на една држава – образованието. Освен него, денеска се обратија и Весна Јаневска која е претседател на Комисија за образование и наука на ВМРО-ДПМНЕ, Иванка Василевска која е пратеничка во македонското Собрание, Самоил Малчески, член на Комисија за образование и наука на ВМРО-ДПМНЕ и Гоце Бумбароски, член на Комисија за образование и наука на ВМРО-ДПМНЕ.

Видео од дебатата

Мицкоски ги соопшти приоритетите

Како императив Мицкоски напомена дека е враќање на претшколското образование. Тој најави и реорганизација на самите ресори.

Имаме основно, имаме средно и високо образование. Но, ни недостасува еден фундамент односно базата, а тоа претшколското образование, односно популарно наречените градинки. Тие се сега под одговорноста на министерството за труд и социјална политика. Во оној процес на реорганизирање и реструктуирање на Владата каде што планираме фундаментални реформи бидејќи цениме дека Владата вака како што е составена некако како да не одговара на современите текови кои што се потреба на граѓаните“, рече Мицкоски.

Дебата „Образовна платформа за иднина“ – ВМРО-ДПМНЕ

Мотивацијата е круциелна за професорите, смета Мицкоски

Она што е најважна работа за секој поединец мотивација, според Мицкоски има клучна улога за секој просветен работник.

Новата Влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе ги награди сите наставно образовни лица кои се занимаваат со наука сo дополнителни 50% секој месец во неговата плата, потребна е мотивација, заклучи Мицкоски.

Дебата „Образовна платформа за иднина“ – ВМРО-ДПМНЕ

Целосни реформи

Мицкоски зборуваше и за реформи, реорганзација и целосни промени на ресорите во образованието. Според лидерот на ВМРО-ДПМНЕ потребно е од претшколска возраст, се до универзитет да има промени.

Дебатата беше модерирана Марија Митева, портпарол и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Извор: Сител