Освен во Дебар, утрово беше забележан снег на стража, а пред неколку дена и во Маврово вее снег.

Дебарскиот регион целосно го зафати снегот. Оттаму, велат дека не претставува проблем во движењето на граѓаните. Во секој случај препорачуваат внимателно возење бидејќи коловозите се влажни.

Граѓните веќе неколку дена објавуваат како вее снег и во Маврово.

Ваквите случки и не се толку нетипични бидејќи и во минатото снегот знаел да „изненади“ во април или мај.