Фудбалскиот клуб на својот инстаграм профил објави дека добиле негативен одговор од ЈП за Стопанисување со станбен и деловен простор на барањето за настапување на Градскиот Стадион.

„И покрај фактот што уредно испративме допис во кој јасно наведовме дека сумата за изнајмување на стадионот ќе ја исплатиме во целост, добивме негативен одговор по однос на нашето барање. Да напоменеме дека покрај се, понудивме и механизам преку кој можевме да постигнеме заеднички договор, но сепак и во однос на тоа бевме категорично одбиени.“, се вели во инстаграм објавата на клубот.

Тие додаваат дека ниту го создале, ниту го зголемиле долгот кој фудбалскиот клуб го имал претходно.

„Вие, ,,господа” од ПУИГ, денес ја затворивте вратата за најтрофејниот македонски фудбалски колектив и одлучивте да не бидете дел од една искрена приказна која ја создаваме. Никогаш нема да го заборавиме ова и никогаш нема да ви го простиме!“, стои во инстаграм објавата.

Вардарци порачуваат дека имиња на тие кои не дозволуваат Вардар да игран на националната арема ќе стојат засекогаш на столбот на срамот.

„Во вашите удобни фотељи никогаш повеќе нема да седнете мирно. Вашиот понижувачки чин скапо ќе го платите, а Вардар ви ветуваме дека кога-тогаш повторно ќе заигра во својот дом…дом во кој вие никогаш нема да се почувствувате како домаќини.“, на крајот порачуваат тие.