Британската државна агенција за борба против криминалот (НЦА) соопшти дека во соработка со австралиската федерална полиција и локалните погранични сили, уапсиле Британец и петмина државјани на Никарагва со јахта од Јамајка, на околу 130 километри од брегот, објави „Гардијан“.
– Мажите, на возраст од 24 до 49 години, се уапсени под сомнение за шверц на дрога и ќе останат во притвор до сослушување, додава НЦА.
Заменик -директорот на НЦА, Мет Хорн рече дека „нема сомнение дека оваа дрога ќе се продава на места низ Велика Британија, што ќе доведе до уште поголем криминал и беда“.