Вчера ја примив својата прва доза на вакцина КОВИД-19 во лондонскиот Музеј на наука, напиша војвотката од Кембриџ (39) во денешниот пост на Инстаграм.

-Јас сум благодарна на сите кои работат на ширење на вакцините – ви благодарам за сè што правите.

Нејзиниот сопруг принцот Вилијам (38), кој беше позитивен на корона во април 2020 година, исто така, ја прими вакцината на почетокот на овој месец во Музејот на наука.

Двојката е меѓу последните во кралското семејство кои се вакцинираат. Во февруари, принцот Чарлс, 72, (кој се бореше против Ковид-19 минатата година) и сопругата Камила, војвотката од Корнвол, 73, беа вакцинирани кратко откако кралицата Елизабета и сопругот принцот Филип (којпочинаа во април на 99 години) примија вакцина.

Во меѓувреме, преку океанот, принцот Хари (36) и Меган Маркл (39) ги поддржуваат напорите за поттикнување на вакцинацијата во САД, каде што 40 проценти од населението е целосно вакцинирано.