Меѓународната награда за мир на Вестфалија требаше да им биде врачена на Заев и на Ципрас минатата година, ама церемонијата беше одложена поради епидемијата на ковид-19.

Летонскиот претседател, како претставник на трите балтички земји кои оваа мировна награда ја добија за 2019 година, им ја врачи наградата за 2020 година на потписниците на Преспанскиот договор.