Здравко Чолиќ парите што ги заработи во својата долгогодишна кариера ги вложи во бизнисот со недвижнини. Како штоnдознава „Курир..рс“, тој веќе неколку години заедно со својот кум гради станбена зграда во голф ресортот на Баново Брдо во Белград.
Станува збор за висококвалитетни згради и луксузни станови во кои се инвестирани милиони евра за комплекс на станови од најразлични структури и големини, од гарсоњера до четирисобни.
Сите апартмани се изработени од првокласни материјали. Удобниот и функционален простор за живеење е прилагоден на модерниот начин на живот, на сите потреби и генерации, а голем плус е тоа што се одлично поврзани со остатокот од градот.