-По првиот круг сонце го огреа Скопје, сонце на промените кои се извесни во градот, промени на модерното Скопје, рече Арсовска на митингот вечерва во Центар.
Арсовска упати голема поддршка за професорката Наташа Котлар и им заблагодари на центарци за досегашната поддршка за поубав град, и посочи дека визијата на кандидатката за Скопје, Котлар која е имуна на корупцијата и ќе се бори против урбаната мафија, како и почиста општина за сите граѓани.
– Нашата визија за Центар е тој да биде пример за тоа дека во Скопје можеме да живееме во европска модерна метропола, а токму од Центар ќе почнат промените за следните четири години, разликата е 8000 гласови во првиот круг е јасна и е предвесник на промените кои доаѓаат, за десет дена Центар и Скопје ќе имаат нови градоначалници кои ќе бидат ветерот на промените, рече Арсовска.
Во продолжение може да погледнете повеќе фотографии од денешниот настан: