Фросина Кулакова ги извади младите на улица – повик за правда

Младите луѓе денеска во голем број излегоа на местото каде се случи убиството и побараа правда за Фросина Кулакова. Протестот започна во 13 часот на местото на убиството на булеварот „Партизански одреди“. На почетокот на собирот се одржа и триминутен молк. На „кобната“ Партизанска беа прегазени три девојки кои изминатите неколку години. Фросина Цековска која беше прегазена во 2015 година, Викторија Николова беше прегазена во 2022 година, а завчера и младата Фросина Кулакова. Младите маршираа до Основниот кривичен суд во Скопје каде оставија крвиви дланки, а попатно поминаа и од Собранието и минситерството за правда од кои бараат одговори и најстрога казна за убиецот.

Во текот на вчерашниот ден редакцијата на Радио Лидер прва го објави убиецот на Фросина. Автомобилот, без возачка дозвола, го управувал 20 годишниот Васил Јованов од Скопје кој е добро познат на органите на прогонот. Повеќе може да прочитате од веста во продолжение.

СО ИМЕ И ПРЕЗИМЕ: Возачот кој ја усмрти 22 – годишната Фросина требало да биде во притвор!

Како се одвиваше денешниот протест може да погледнете низ фотографии направени од нашата редакција:

„Правда за Фросина Кулакова“ - Граѓаните на мирен протест Фото: Радио Лидер
„Правда за Фросина Кулакова“ – Граѓаните на мирен протест Фото: Радио Лидер

„Правда за Фросина“ – Граѓаните на мирен протест Фото: Радио Лидер

„Не е несреќа, туку убиство”, „Не е Партизанска проклета – проклети сте вие”, „Обвинителите се соучесници убијци”. Ова се само дел од пораките на граѓаните од денешниот протест.

Во продолжние може да погледнете и видео:

Оваа трагедија ја разбранува јавноста и повторно ги отвори прашањата за сообраќајната (не)култура, казнената политика и системските пропусти.

По убиството на Фросина Кулакова се огласи премиерот

Мицкоски го поддржа протестот по трагичната несреќа: Револтот на граѓаните е оправдан

💔 Фросина Кулакова (22) загина на булеварот „Партизански одреди“ откако беше удрена од пијан 20-годишен возач, без возачка дозвола, кој ја поминал улицата на црвено светло.

Клучни проблеми што ги посочуваат граѓаните:

📌 Зошто лице со кривично досие и без возачка дозвола било на слобода?
📌 Зошто судовите досега не изрекле построга казна за неговите претходни прекршоци?
📌 Како е можно системот да дозволи вакви рецидивисти да продолжат да го загрозуваат животот на другите?

Министерот за внатрешни работи Тошковски исто така признава дека овој случај не е само „несреќа“, туку системски проблем што бара реални и неодложни решенија.

Што бараат граѓаните?

Притвор и строги казни за несовесни возачи-рецидивисти. Промена на законите за сообраќајни прекршоци и построга контрола. Одговорност од институциите кои не го спречиле ваквото однесување

Заклучок

Редакциски коментар на Радио Лидер: Денеска младите покажаа единство. Без разлика на политичката ориентација, ставовите, полот, националноста. Денеска сите млади покажаа дека можат и знаат да бидат сложни. Почит за сите, особено јавните личности кои повикаа за ваква масовност! Се надеваме дека ова ќе стане редовна пракса!