Вечерва започна најавуваниот протест од опозициската ВМРО ДПМНЕ, пред македонската Влада, каде граѓаните ќе го изразат незадоволството од актуелната власт предводена од СДСМ и премиерот Димитар Ковачевски.
Високата инфлација, корупцијата, ниските плати на вработените, економската криза, сиромаштијата, криминалот, тендери во четири очи, здравствен колапс, националното предавство… се само дел од работите кои и се случуваат на државата во изминативе години, очигледно е дека на Македонија и се потребни промени повеќе од било кога.
Ваквата состојба во земјава, ги натера граѓаните во масовен број да излезат денеска на протестот пред Владата и да и порачаат дека ПРЕМНОГУ Е !