Министерот за транспорт и врски, Александар Николоски сподели фотографии од денешното отворање на експресниот пат Градско – Дреново.
Се огласи Николоски на својот Фејсбук профил.
Денес го отвараме експресниот пат кој ќе нè поврзува од Градско до Дреново, дел од Градско – Прилеп. Преубав експресен пат кој ќе значи многу во поврзувањето на Прилеп, Битола, Могила, Новаци, Кривогаштани, Крушево, Росоман, со главниот град на Македонија 🇲🇰, пишува Николоски.
„Ја градиме Македонија”
Александар Николоски потенцира дека владата во соработка со министерствата и надлежните институции ја гради Македонија.
Во продолжение може да погледнете фотогалерија.