Мицкоски и Ристовски го пуштија во употреба новиот базен во Штип
Премиерот Христијан Мицкоски заедно со министерот за спорт Борко Ристовски и градоначалникот на Штип, Иван Јорданов, денеска свечено го пуштија во употреба новиот базен од затворен тип. Станува збор за проект започнат пред пет години од поранешната Агенција за млади и спорт, кој сега е конечно завршен. Нејасно е зошто претходната власт ги оставила недовршени базените.
Инвестиција од над 46 милиони денари
Изградбата на базенот во Штип е инвестиција вредна 46.735.815 денари со вклучен ДДВ. Проектот е дел од пошироката програма на Министерството за спорт за изградба на современи спортски капацитети во повеќе градови низ државата.
Нови базени во повеќе општини
Покрај Штип, на крајот на јули беше пуштен во употреба и базенот во Кисела Вода. Во наредниот период се очекува да бидат завршени и базените во Кичево, Битола, Ѓорче Петров, Карпош и Кавадарци, со што ќе се заокружи значајна спортска инфраструктура за граѓаните.
Инаку, министерот за спорт, Борко Ристовски претходната недела беше гостин на нашето радио.