Со положување на свежо цвеќе пред споменикот на загинатите бранители во кругот на СВР Битола и пред споменикот „Ангел“ кај Градскиот часовник во Битола, денес се одбележаа 22 години од масакрот кај Вејце, во кој што во заседа беа убиени осум припадници на МВР и на АРМ, од кои четворица од Битола и битолско.
На денешен ден во 2001 година во заседа кај тетовското село Вејце од битолскиот регион загинаа Марјан Божиновски, Илче Стојановски, Кире Костадиновски и Бошко Најдовски.