ММС утрово го посети ОУ „Димитар Миладинов“ во Скопје, за да види како ќе функционираат заштитните мерки против ковид-19 и она што го забележавме е дека на децата им се мери температура, секаде се распоредени дезинфекциски средства и засега се почитуваат протоколите.

Она што е важно за децата е сообраќајната култура, па токму поради тоа одговорните од Републикиот совет за безбедност во сообраќајот пред училиштето на дечињата им делеа флаери, боенки и други средства кои ќе ги натераат да ги научатправилата во сообраќајот, за нивна безбедност.

Погледнете ја галеријата: