Процентот на прекумерна смртност предизвикана од Ковид-19 во Македонија изнесува 49%, покажува истражување за првата половина од 2021 година.

Според овие проценти, Македонија е на петтото место во светот, позади Перу, Еквадор, Боливија, Мексико и Колумбија.

Но, Македонија сепак се наоѓа на првото место од сите други земји. Освен јужноамериканските земји пред нас, се наоѓаме пред сите други од светот.

Пандемијата до 1 јули има земено 9900 животи повеќе од нормалното. Во јуни, кој важи за релативно мирен месец во однос на бројките од пандемијата, починале над 400 лица.