Осветување на храмот „Свети Константин и Елена“
Со ѕвонење на камбаната, утрово во 8:30 часот започна свечената церемонија на осветување на храмот „Свети Константин и Елена“ во центарот на Скопје.
Свечен чин со присуство на верници и гости
На настанот присуствуваа голем број граѓани, верници, високи владини претставници, пратеници, политички партии и дипломатскиот кор. Церемонијата започна со изведба на „Достојно ест“ од страна на свештениците, по што продолжи осветувањето.
Чинот го води архиепископот г.г. Стефан
Осветувањето го врши архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан во сослужение со архијереи од МПЦ-ОА. Голем број верници ја следат церемонијата и пред храмот, каде е поставен видео бим.
Погледнете ја фотогалеријата!