Штип во празничен сјај: Градот осветлен со новогодишни украси
Градоначалникот на Штип, Иван Јорданов, сподели фотогалерија која го прикажува празничниот изглед на градот накитен со новогодишни декорации. Во изминатата недела се украсуваа главните улици, кејот на реката Отиња и Градскиот плоштад. Општинските служби објавија дека започна декемвриската новогодишна програма.

Празнична програма од декември до јануари
Штип во празничен сјај.
„Решивме цел декември, па и во јануари, да има разновидна новогодишна програма. Од денеска, Штип новогодишно блеснува. Со поставувањето и осветлувањето на големата елка на Градскиот плоштад започнува штипската новогодишна бајка. Главните новогодишни содржини ќе се одржуваат на улицата Ванчо Прќе, која веќе трета година е шеталиште и најпогодна локација за вакви настани“, изјави градоначалникот Јорданов.
Новогодишен базар и музичка програма цел месец
Тој додаде дека новото шеталиште, на кое се поставени новогодишните куќички, во текот на целиот месец ќе функционира како новогодишен базар со секојдневна музичка програма. Настапи ќе имаат локални музички состави од различни возрасти – од групи од детските градинки до музичари кои ќе настапуваат во деновите пред Нова година.
